НАЈСМРТОНОСНАТА ЛАВИНА ВО САД Осум скијачи загинаа, еден исчезна на планината Сиера Невада во Калифорнија

Спасувачите вчера пронајдоа 6 преживеани, а останатите скијачи во групата се водеа како исчезнати

55

Осум скијачи загинаа во лавина на планината Сиера Невада во Калифорнија, а еден е исчезнат, соопштија синоќа властите во државата. Ова е една од најсмртоносните лавини во историјата на САД.

Спасувачите вчера пронајдоа 6 преживеани по снежната бура што донесе неколку метри нов снег на Сиера Невада во последните денови. Останатите се водеа како исчезнати.






Лавината се случи вчера, во 11:30 часот по локално време, во близина на Касл Пик, во Траки, Калифорнија, 15 километри северно од езерото Тахо. Во неа беа закопани поголема група скијачи.

Преживеаните се заштитиле со најлонски церади и со спасувачите комуницирале преку радиоврски и со текстуални пораки.

Скијачите ја завршуваа тридневната екскурзија со водич. Тие беа сместени во колиби на надморска височина од 2300 метри.

Во Сиера Невада во една типична зима паѓаат над 9 метри снег, што ја прави една од најснежните планини на западната хемисфера.

Во текот на изминатите 10 години, во САД просечно годишно од лавини гинеа 27 лица, покажуваат податоците на Центарот за лавини во Колорадо.

Поврзани содржини