📷 НА СМЕТКИТЕ ЌЕ ИМ ЛЕГНАТ 200 ЕВРА „Спорт лајф“ ги награди своите најдобри вработени
Секоја година го прославуваме успехот и професионалното работење на своите вработени и ги претставуваме нивните резултати. Нивните успеси ни даваат мотив за поставување нови и повисоки цели во работењето за следната година – истакна менаџерот за човечки ресурси Александар Арсовски.
„Sport Life“ обложувалници ја заокружија годината со резимирање на резултатите од работењето и воедно ги претставија своите највредни и најуспешни вработени во изминатата 2023 година. Вкупно 52-ца вработени од најразлични сектори, беа прогласени за најдобри и беа наградени со еднократен износ од 200 евра за својот успех и залагање во минатата година.
– Секоја година го прославуваме успехот и професионалното работење на своите вработени и ги претставуваме нивните резултати. Нивните успеси ни даваат мотив за поставување нови и повисоки цели во работењето за следната година – истакна менаџерот за човечки ресурси Александар Арсовски.
Најуспешните вработени се оценувани според резултатите во текот на изминатата година, во различни делови на работниот процес и согласно однапред утврдени критериуми.
„Sport Life“ како водечка компанија во областа на игрите на среќа и спортски обложувалници, постојано вложува во развојот на вработените, преку обуки, тренинзи, стипендирање на студии, доделување редовни бонуси и награди како и можности за кариерно унапредување.