📽️ НА СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА ПОВТОРНО Ѝ ФРЛАА ПРЕДМЕТИ НА СЦЕНАТА Бебе Реџа мораше да го прекине концертот

Пејачката Бебе Реџа мораше да го прекине концертот во два наврати бидејќи обожавателите од публиката почнаа да фрлаат работи на сцената.

2,530

Пејачката Бебе Реџа мораше да го прекине концертот во два наврати бидејќи обожавателите од публиката почнаа да фрлаат работи на сцената. Пејачката минатата година некој од публиката ја удри со мобилен телефон во главата, па Беба заврши во болница, а сега од концертот избркала 10 обожаватели кои фрлале на неа разни предмети.

„Надвор, надвор… Или ако сакаш да ме удриш в лице, знај дека веќе еднаш поднесов тужба, би сакала да станам побогата, па само напред, душо. Тоа беше шега, те молам, немој да го правиш тоа“, му се обратила на еден од нив во видеото кое се шири на социјалните мрежи.






@donavanrose Let’s STOP throwing things at concerts, it really is THAT simple #beberexha #beberexhaconcert #greenbay #titletown #concertetiquette #throwingthings #outofhand ♬ original sound – Donavan|Travel+Food+Concerts

Да потсетиме, откако некој ја погоди Бебе Реџа со мобилен телефон, видеото стана вирално, а фрлањето предмети на ѕвезди на сцена стана бизарен тренд. По неа, истото му се случи и на раперот Дрејк, додека пејачот Хари Стајлс беше погоден в лице, а пејачката Ава Макс доби шлаканица од обожавател.

 

Поврзани содржини