НА СЛАВНАТА МАНЕКЕНКА ПРЕД ЧЕТИРИ ГОДИНИ Ѝ БЕШЕ ДИЈАГНОСТИЦИРАН АУТИЗАМ „Се молев да не се разбудам наутро“
Кристин Мекгинис минатата недела откри дека конечно почнала да зема лекови за АДХД.
На манекенката Кристин Мекгинис и беше дијагностициран аутизам во 2020 година, а таа рече дека преживеала тешка траума затоа што ова развојно нарушување „не било дијагностицирано на млада возраст“, па имало огромно влијание врз неа.
View this post on Instagram
Манекенката рекла дека долго се молела следното утро да не се разбуди, како и дека нејзиниот брат и сестра неколкупати и го спасувале животот, а не биле свесни дека имала намера да се самоубие.
– Мојот ран тинејџерски период беше многу тежок. Со години имав мисли: „Едноставно не сакам повеќе да се разбудам“ Секоја вечер се молев да не се разбудам наутро – рекла таа во една прилика и додала:
– Мајка ми имаше ормар со лекови. Ќе ги извадев таблетите од плакарот и ќе ги однесев во мојата спална соба. И си мислев: „Во ред, ќе го направам тоа вечерва и завршив со тоа“. Најчесто брат ми ме викаше да му помогнам со Xbox или сестра ми ме прашуваше што да облечам. Се чинеше дека некој секогаш ме прекинува или ме пречи во мојата намера.
Манекенката минатата недела откри дека конечно почнала да зема лекови за АДХД. Пред три месеци таа се разведе од сопругот со кој има три деца кои исто така се родени со аутизам. Тие објавија во 2021 година дека се разведуваат по 11 години брак.
– Тогаш си помислив: „Во ред, ќе пробам само мала доза и ќе видам како ќе функционира, дали ќе ми помогне. И таа ми помогна да се смири мојот ум. Сè уште сум активна, сè уште можам да направам сè што можев и порано, само подобро – рекла таа во врска со земањето лекови, пренесува „Дејли мејл“, а истакнала и дека сега веќе не се бори со многу различни теми додека размислува или зборува.
View this post on Instagram