На скопјани не им доаѓа памет, нови 467 казнети возачи од кои 101 возеле пребрзо
Од МВР потенцираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 467 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 60 лица, 101 прекршок за пречекорување на дозволената брзина на движење, 63 технички неисправни и нерегистрирани возила, 74 мерки за непрописно паркирање и 60 возила подигнати со пајак, а изречени се 46 казни за неносење на заштитна маска – се вели во соопштението од МВР.
Оттаму потенцираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, па поради тоа упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.