На скопјанец од дома му украле близу еден милион евра

3,444

Педесетиосумгодишниот скопјанец Ш.И. (58) синоќа пријавил дека вчера од 19.30 до 21.45 часот во куќа во Скопје во негова сопственост од непознато лице му била извршена тешка кражба.

МВР соопшти дека крадецот насилно влегол во куќата и од една од собите одзел три кеси со 800.000 евра, 60.000 американски долари, 50.000 швајцарски франци и 1.000.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Поврзани содржини