НАЈСКАПИ И НАЈЕВТИНИ ГРАДОВИ ЗА ХРАНА ВО ЕВРОПА Во Женева и во Цирих цените дивеат, но каде е најевтино?
Големи се разликите во цените на основните намирници во супермаркетите низ Европа. Еве и податоци за тоа, но и табела за цените на на основните прехрамбени артикли во Париз, Лондон, Берлин, Рим и во Мадрид.
Истражување за цените на намирниците во европските градови покажа дека Женева и Цирих се убедливо најскапи, додека на спротивниот крај од листата се наоѓа Букурешт. Податоците откриваат големи разлики и меѓу самите метрополи – Париз е скапа престолнина, Лондон нешто поевтин, додека Берлин и Рим нудат многу попристапни кошнички.
И табелата што ја објавуваме најдолу на овој текст, покажува дека Женева и Цирих и годинава се најскапите европски градови за купување основни прехранбени производи. Во овие швајцарски метрополи, цената на стандардна потрошувачка кошница е значително над европскиот просек, што ги става жителите и туристите пред сериозен финансиски предизвик.
Париз е најскапата престолнина во ЕУ
Париз, пак, се издвојува како најскапа престолнина во ЕУ. Таму, според истражувањето, просечната кошница чини над 100 евра. Лондон е нешто поповолен со околу 15% пониски цени, додека Берлин и Рим се значително поевтини – во просек од 20% до 30% во однос на француската престолнина.
Најпријатно изненадување за потрошувачите е Мадрид, кој меѓу големите западноевропски градови се покажа како најевтин за купување во супермаркетите.
Најпристапни цени во Будимпешта и во Варшава
Најпристапните кошнички се во Будимпешта и Варшава, со индекс од 37. Ова значи дека истата кошничка што во Њујорк чини чини 100 евра, Во Будимпешта и во Варшава би чинела само 37 евра, или 63% поевтино.
Голем број европски градови имаат индекси помеѓу 58 и 63, што ги сместува во средниот ценовен опсег. Тука спаѓаат Хелсинки (63), Виена (63), Копенхаген (63), Милано (62), Лондон (62), Брисел (61), Единбург (61), Франкфурт (58), Даблин (58), Амстердам (58), Минхен (58) и Стокхолм (58).
Најевтина светска метропола е Каиро
Други градови со многу ниски индекси се Истанбул (39), Прага (42), Лисабон (44), Атина (46), Мадрид (46), Барселона (49), Рим (51), Бирмингем (51) и Берлин (55). Во рамките на поединечните земји, разликите се големи: Лондон има индекс од 62, додека Бирмингем има 51.
Глобално, најевтиниот град е Каиро со индекс од 20, пет пати поевтина отколку во Њујорк.
Храна по пристапни цени и во Романија
Од друга страна, на источниот дел од континентот сликата е сосема поинаква. Букурешт е меѓу градовите каде цената на кошницата е најниска во Европа. Податоците на Евростат дополнително го потврдуваат ова: во Романија храната е за околу една четвртина поевтина од европскиот просек.
Во Хрватска оган скапо
И во рамките на самата ЕУ има големи разлики. Луксембург и Данска се меѓу земјите каде храната е најскапа, додека Словачка е наспроти нив – таму намирниците се дури 17 проценти поевтини од европскиот просек.
Хрватска, пак, се наоѓа во групата со поскапи пазари. Според анализите, храната таму е за 22 отсто поскапа од просекот на ЕУ. Особено скапи се млечните производи и житарките, додека овошјето, зеленчукот и месото се нешто поблиску до европскиот просек.
Што велат експертите
Експертите објаснуваат дека причините за овие разлики се повеќеслојни. Најпрво, влијае пазарната структура – во земјите со помала конкуренција, цените полесно растат. Тука се и високите оперативни трошоци, како рентата и енергијата, кои во западните градови дополнително ги поскапуваат намирниците. Конечно, и инфлацијата остава силен белег, иако таа варира од земја до земја.
За потрошувачите, овие податоци се уште една потврда дека животниот стандард и цените во Европа се далеку од изедначени. Додека едни плаќаат над 100 евра за полна кошница во супермаркет, други истиот тој шопинг го добиваат за половина пари.