СЛИКА НА КАЛО КУПЕНА ЗА 35 МИЛИОНИ ДОЛАРИ „Диего и јас“ е драматичен автопортрет (ФОТО)
„Диего и јас“ е еден од последните автопортрети на Фрида.Таа живела од 1907 до 1954 година и гордо ја промовирала домородната мексиканска култура преку нејзината уметност. Нејзината работа, исто така, го бележи болниот однос со нејзиното тело, инвалидитет поради детската парализа и тешките повреди по преживеана автобуска несреќа.
Слика од мексиканската уметница Фрида Кало достигна 34,9 милиони долари на аукција во „Сотби“ во Њујорк со што стана најскапото дело од Латинска Америка. На платното познатата сликарка се прикажала себеси како плаче, а на нејзините очи е нацртан нејзиниот партнер Диего Ривера, со кого имаше бурна врска, пишува Би-Би-Си.

Фрида е позната како надреалист и битна фигура на жена-сликар, пандан на Салвадор Дали меѓу сликарите. Содржината на сликата „Диего и јас“ не е зачудувачка ако се земе дека таа имала бурна врска со сликарот Ривера. Негова друга слика пак, претходно го држеше рекордот за најскапо дело, кога беше продадена за неверојатни 9,76 милиони долари.
„Диего и јас“ е еден од последните автопортрети на Фрида. Купувачот е идентификуван како Едуардо Ф. Косантини, кој основал музеј во Аргентина, според Њујорк Тајмс.
Сликата последен пат беше продадена на аукција во 1990 година за 1,4 милиони долари.
Кало, која нашироко се смета за една од најголемите сликарки на 20-тиот век, е позната по нејзините интимни автопортрети кои ја одразуваат болката и изолацијата. Таа живеела од 1907 до 1954 година и гордо ја промовирала домородната мексиканска култура преку нејзината уметност.
Нејзината работа, исто така, го бележи нејзиниот болен однос со нејзиното тело, инвалидитет поради детската парализа и тешките повреди по преживеана автобуска несреќа.