На сите учесници на Советот им се мереше температура (ВИДЕО)

Во Кабинетот на Претседателот започна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

707

Во Кабинетот на Претседателот започна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

Во вила Водно на сите присутни пред да влезат во кабинетот на Претседателот, им се мереше телесна температура, што еден вид превенција од коронавирусот.






Како што претходно беше најавено, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, присуствуваат и министерот за здравство, Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров, техничкиот министер на внатрешни работи Наќе Чулев, како и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Претседателот Пендаровски по завршувањето на седницата ќе даде одговори на прашања поставени од претставниците на медиумите.

Оние медиуми кои одлучија да не дојдат во Вила Водно, своите прашања имаа можност да ги постават електронски и телефонски.

Поврзани содржини