Италијанската модна дизајнерка Сабрина Персечино претстави палто со проѕирен визир против коронавирусот.
Целта на овој визир е да се направи физичка дистанца и да им се овозможи на оние кои го носат овој капут додека комуницираат со луѓето да можат да читаат од нивните усни.
Дизајнерката ја претстави својата креација во Рим. Капутот се состои од три слоја – надворешен дел од водоотпорната ткаенина, централен дел на филтрирачката ткаенина против вирусните агенси и внатрешен дел.
Таканаречената „колиба“ е достапна за мажи и жени и ја има во неколку бои.