НА СИНОТ НА ЏО БАЈДЕН ЌЕ МУ СЕ СУДИ ЗА ОРУЖЈЕ, ДРОГА И ЗАТАЈУВАЊЕ ДАНОЦИ? Пропаднаа преговорите со јавните обвинители

Ако дојде до судење случајот би можел да се совпадне со претседателската кампања на Бајден. Републиканците ја отворија можноста за импичмент на претседателот Бајден поради деловните зделки на неговиот син.

468

Адвокатите на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, вчера во поднесок до судот напишаа дека обвинителите се откажале од договорот за признавање вина од негова страна за даночно затајување и престап со оружје, што го отвори патот за судење во време кога Џо Бајден ќе ја води претседателската кампања.

Федералните обвинители на Делавер во петокот изјавија дека на Хантер Бајден би можело да му се суди за казнени дела откако пропаднаа преговорите за признавање вина.






Окружната судијка Мерилен Нореика го отфрли предложениот договор за признавање вина во јули поради неговата сомнителна законитост и степенот на имунитетот што му се понуди на Хантер Бајден.

Според договорот, Хантер Бајден би се изјаснил за виновен за затајување данок на доход од 1,5 милиони долари меѓу 2017 и 2018 година и склучил посебен договор за одложен кривичен прогон за незаконско поседување огнено оружје додека бил под дејство на дрога, што е кривично дело.

Ако дојде до судење, случајот би можел да се совпадне со претседателската кампања на Бајден. Случајот стана политички проблем бидејќи републиканците во Конгресот ја отворија можноста за импичмент на претседателот Бајден поради деловните зделки на неговиот син и го обвинуваат Министерството за правда дека му понудило повластен договор.

Поврзани содржини