На синот му родила брат близнак по 10 години од неговото раѓање

1,116

Една жена од Кина родила браќа близнаци во временска дистанца од 10 години, пренесува „Њујорк пост“.

Мајката, која локалните медиуми ја идентификуваат само како госпоѓа Ванг, во вторникот родила здраво дете од замрзнат ембрион, 10 години по раѓањето на нејзиниот прв син. Двата ембриони настанале во истиот циклус на вонтелесно оплодување. Еден ембрион ѝ бил веднаш имплантиран, додека другиот ембрион бил замрзнат 10 години.






– Од медицинска перспектива тие се браќа близнаци – изјавил докторот Женг Џи, експерт за плодност во болницата во Хубеј.

Ванг пред вештачкото оплодување, 5 години се обидувала да зачне. Првиот син го добил прекарот Лулу, а новороденото бебе го нарекле Тонгтонг.

И двајцата близнаци во моментот на раѓање тежеле 3,12 килограми и двајцата биле родени со царски рез. Таткото на децата изјавил дека тие се одлучиле за второ дете откако Лулу им кажал дека сака да има брат или сестра.

Поврзани содржини