НАЈСИЛНОТО ОРУЖЈЕ СЀ УШТЕ НЕ Е УПОТРЕБЕНО Иран тврди дека се подготвени за долга војна
Техеран тврди дека располага со доволно капацитети и дека најнапредното оружје засега не е употребено.
Иран е подготвен за долготраен конфликт со САД и Израел и досега не го искористил својот најнапреден воен арсенал, соопшти Министерството за одбрана на земјата.
Портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, изјави дека Техеран располага со доволно капацитети за продолжување на, како што ја нарече, „офанзивната одбрана“.
– Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивна одбрана подолго од она што непријателот го планирал за оваа наметната војна – порача Талаеи-Ник.
Тој додаде дека Иран засега не планира да го употреби целото најсовремено оружје.
– Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите денови – нагласи портпаролот.
Изјавите доаѓаат во време на зголемени тензии на Блискиот Исток и размена на закани меѓу Техеран, Вашингтон и Тел Авив.