Најсилната бура во последните 10 години и се заканува на Австралија (ВИДЕО)
Официјалните лица тврдат дека ова е невреме што се случува еднаш на десет години, јави „ВВС“. Од населението е побарано да го осигураат имотот и да поврзат сè што можат.
Обилен дожд, силен ветер и бранови високи до осум метри се очекуваат во некои делови на Австралија, а лошите временски услови се резултат на судирот на тропскиот циклон Манга и студениот фронт, соопшти Бирото за метеорологија.
Официјалните лица тврдат дека ова е невреме што се случува еднаш на десет години, јави „BBC“. Од населението е побарано да го осигураат имотот и да поврзат сè што можат.
Брзината на ветерот се очекува да достигне 100 км на час по должината на брегот со налети до 130 км на час, а во некои делови може да падне и до 100 мм дожд.
Невремето ќе продолжи и утре, пишува „ВВС“