НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ДЕТСКАТА АМНЕЗИЈА? Зошто не се сеќаваме на ништо пред четвртата година од животот?
Некои истражувања сугерираат дека нашите родители значително ги менуваат нашите спомени од детството со нивните приказни. Истото истражување покажало и дека децата различно се сеќаваат на истиот настан откако ќе разговараат за него со своите татковци, а различно кога разговараат за него со своите мајки.
Личноста се формира во раното детство, но сепак не се сеќаваме на искуствата од нашите најрани години. Овој феномен ги погодува речиси сите луѓе, па дури има и официјално име – детска амнезија. Како што старееме, забораваме на луѓето, настаните, па дури и местата што сме ги посетувале кога сме биле деца.
Детската амнезија е неможност да се запаметат детали и настани што се случиле пред четиригодишна возраст. Некои истражувачи отидоа подалеку и открија дека пред да наполнат седум години, децата се сеќаваат на околу 60 проценти или повеќе од настаните од раните години, додека на деветгодишна возраст паметат само 40 проценти. Ова им овозможило да разберат дека додека поминуваме низ различни фази на развој, помалку се сеќаваме на она што му претходело на тоа.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.