НА ШТО ЛИЧИ ТОА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈА ДА НЕ Е ВО МАКЕДОНИЈА НА ИЗБОРНИОТ ДЕН? Избирачите му „пресудија“ на СДСМ, а тој со свирчето на утакмица
Партијата се бореше за поддршка и за излезност, тој го помина изборниот ден свирејќи на свирче, а не посветен на политиката и на СДСМ. Затоа треба оставка да си даде, реагираат членови на СДСМ.
Членови на СДСМ реагираат дека потпретседателот на партијата, Методија Илиевски, на изборниот ден во неделата, на 19 октомври, наместо да биде во Македонија и во партијата, заминал во Турција, каде судел на меѓународен натпревар во ракомет.
„Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, заедно со неговиот брат, на самиот ден на изборите не беше во државата, туку беше во Турција, каде судеа ракометен натпревар. Партијата се бореше за поддршка и за излезност, тој го помина изборниот ден свирејќи на свирче, а не посветен на политиката и на СДСМ. Затоа треба оставка да си даде“, реагираат членови на СДСМ.
Методија Илиевски е потпреседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, пишува на официјалната веб страница на партијата.
„Член е на СДСМ од 2005 година и извршувал голем број на партиски и општествени функции. Од 2009 до 2013 година ја извршува функцијата претседател на ЛК СДММ Битола во 2013 година до 2017 год. станува потпретседател на СДММ. Од 2013 година до денес е член на Советот во Општина Битола, а во последните 2 мандати ја носи улогата на координатор на советничката група на СДСМ. На последните претседателски избори беше кандидат за пратеник во ИЕ 5“, пишува во неговата биографија.
Од 2018 година е вработен во Министерство за земјоделство.
„Ракометот е исто толку важен во неговиот живот колку и политиката. Спој на две различни области кои прават одличен баланс, за да е успешен и професионален и на овие две полиња. Со ракомет започнал да се занимава од најрана возраст, каде што сега е меѓународен ракомет судија“, пишува на страницата на СДСМ за потпретседателот на партијата.
