На Шпанија и фалат лекари, ќе вработи 50.000

Во Шпанија вчера се регистрирани 4.360 новозаразени со новиот коронавирус, со што вкупната бројка изнесува 18.077 лица.

263

Поради порастот на инфицирани луѓе од Ковид-19 во Шпанија на работа ќе бидат вратени пензионираните лекари и медицински сестри, а ќе се вработуваат и студентите по медицина, кои се последна година на факултет.

Во Шпанија вчера се регистрирани 4.360 новозаразени со новиот коронавирус, со што вкупната бројка изнесува 18.077 лица. Додека вчера починаа 66 пациенти со што бројката на смртни случаи се искачи на 833. Шпанија е втора европска држава по Италија со најголем број на заболени.






Шпанското Министерство за здравство најави дека ќе регрутира 50.000 нови здравствени работници.

Во Шпанија од неделата беше воведена вонредна состојба и околу 74 милиони Шпанци не смеат да излегуваат на улиците, освен за одење на работа, на болница, за купување на храна и лекови, а работат и аптеките и бензиските стаици.

Поврзани содржини