НА СЕВЕР СЕ КРАТИ, НА ЈУГ СЕ ДОДАВА Грција воведува шестдневна работна недела

Обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, фирмите, организациите и земјоделските стопанства кои досега практикуваа петдневна работна недела.

2,710

Вo јули годинава во Грција се воведува шестдневна работна недела, а обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, фирмите, организациите и земјоделските стопанства кои досега практикуваа петдневна работна недела, пишува во inNewspaper

Според грчкиот закон, работниот ден од дополнително работно време не смее да трае подолго од 8 часа, а не е дозволена прекувремена работа. Оваа одредба која стапува на сила од 1 јули 20024 година, не мора да ја следат работодавачите на фирми или фарми кои по својата природа не се континуирани, односно до сега не работеле по пет дена во неделата. Има и други исклучоци.






Што се однесува до ограничувањата, работникот не смее да работи повеќе од 8 часа на шестиот работен ден, а не е дозволена прекувремена работа. Во случај фирмите или фармите да имаат петдневни ноќни смени (00:00-06:00 часот), тогаш шестиот ден може да не работат во ноќна смена.

Спротивно на одлуката на грчките власти, во повеќе земји од Скандинавија веќе се тестира можноста за скратување на работната недела на 4 дена.

Поврзани содржини