„НА СДСМ МУ ТРЕБААТ И ТИЕ СО БЕЛИ КОСИ“ На кого мислеше Макрадули, на Таче сигурно не!
„На СДСМ во моментов му требаат и децата на СДСМ, но и ние со белите коси. Ни требаат сите“, изјави за ТВ21 поранешниот функционер на СДСМ, додавајќи дека против негова волја бил дистанциран од партијата.
Поранешниот висок функционер во СДСМ, Јани Макрадули, за ТВ21 изјави дека бил дистанциран од партијата, но не по негова волја.
„Не по моја волја бев оддалечен од СДСМ, но тоа не значи дека јас не сум придонел на свој начин и не сум присуствувал на настаните. Затоа кажувам постои разлика помеѓу лојалноста и клиентелизмот“, изјави тој.
Макрадули оценува дка резултатите од двојните избори во земјава се разочарувачки за неговата партија.
Тој изнесе мислење како партијата може да се консолидира.
„На СДСМ во моментов му требаат и децата на СДСМ, но и ние со белите коси. Ни требаат сите. Во СДСМ погрешно се третира лојалноста. Не може да се спореди клиентелизмот со лојалноста, тоа се различни категории. Тука преовладува клиентелизмот во моментов“, изјави Макрадули.