НА СДСМ МУ СЕ ВРАТИ КАКО БУМЕРАНГ Лидерската им го крена рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски вели дека СДСМ во лидерската средба влегла со нечесни намери, извртување и лаги, но времето покажало дека манипулираат и лажат.

2,208

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вели дека не успеале спиовите на СДСМ по лидерската средба.

Тој во интервјуто за „Република“ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ и партискиот претседател Христијан Мицкоски по лидерската имаат зголемен рејтинг.






– Најдобар доказ е тоа што последните истражувања на јавното мислење кои се направени по лидерската средба ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаат повисок рејтинг од тоа што имаше пред лидерската средба, што значи дека целата таа пропаганда им се врати како бумеранг. Луѓето сфатија дека се работи за класични лажни вести кои беа креирани од машинеријата на СДСМ, а и од некои левичари кои се претставуваа како десничари. Народот тоа го препозна и ни дава уште поголема поддршка. Политиката на СДСМ во моментов е сведена само на лажни вести и на спинови на подметнувања но тоа не само што не поминува кај народот туку и им се смеат – вели Николовски.

Тој додава дека СДСМ во лидерската средба влегла со нечесни намери, извртување и лаги, но времето покажало дека манипулираат и лажат.

– Ние понудивме два концепти како да се заштити македонскиот национален идентитет, а од друга страна да се отвори патот кон ЕУ. Но СДСМ не прифати ниту еден од тие два концепти и затоа тие веќе не се на маса и единствената опција која стои на маса е предвремени избори. Македонија е во голема политичка криза и поларизација и единствениот начин да се излезе од сето ова се брзи избори на кои граѓаните ќе кажат кој треба да ја води државата и кон каде треба да се движи Македонија. Гледаме дека Владата се распаѓа на дневна основа така да не очекувам дека ќе успеат да го завршат мандатот до крај – оценува Николоски.

 

Поврзани содржини