ОД УТРОВО 30 ЗЕМЈОТРЕСИ НА САНТОРИНИ, НАЈСИЛНИОТ 4,7 СТЕПЕНИ Зошто се значајни потресите на грчкиот остров?
Во минативе денови се регистрирани стотици потреси во подрачјето околу Санторини. Досега над 11.000 луѓе го напуштија островот со редовни и со вонредни авионски и бродски линии.
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран претпладнево во 11:35 часот во областа на грчкиот остров Санторини.
Епицентарот на земјотресот повторно бил во близина на селото Оја, на 25 километри североисточно. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од 14 километри.
Ова подрачје од утрово го погодија најмалку 30 земјотреси посилни од 3 степени според Рихтеровата скала. Од утрово ова е трет земјотрес со јачина над 4 степени според Рихтеровата скала.
Илјадници жители и туристи сè уште го напуштаат островот, а бројни улици на Санторини се затворени со полициска лента.
Во минативе денови се регистрирани стотици потреси во подрачјето околу Санторини. Досега над 11.000 луѓе го напуштија островот со редовни и со вонредни авионски и бродски линии.
На 9 јули 1956 година се случија два разорни земјотреси на островите во Егејското Море. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала беше со епицентар јужно од Аморгос. Неколку минути подоцна, земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Санторини.
Ова беа најголемите земјотреси во 20. век на европско тло. Земјотресите го предизвикаа дотогаш најголемото цунами во Медитеранот. Во двата земјотреса животот го загубија 53 луѓе.