НА РУЗВЕЛТОВА СКУТЕРИТЕ СЕ ИЗВАДЕНИ НА УЛИЦА Партизанска и центарот на Скопје се закрчени
Центарот на Скопје е закрчен со возила поради големиот пожар кој ја зафати поранешната фабрика „Треска“. Додека на улицата Партизанска има видлив метеж, на улицата Рузвелтова во делот према Теодосиј Гологанов извадени на сред улица се скутерите од локалниот сервис за да бидат заштитени од огнот кој избувна токму позади нив.