НА РОДОС ПОВТОРНО СЕ РАЗГОРЕ ПОЖАРОТ Огнената стихија стигна до куќите, во тек е евакуација

Портпаролот на Противпожарната служба на Грција, Јанис Артопиос, утрово соопшти дека на островот интервенираат „силни копнени сили и од воздух на поширокото подрачје на пожарот периодично ќе оперираат осум авиони.

60

Пожарот во југоисточниот дел на грчкиот остров Родос повторно се разгорува. Огнената стихија веќе стигала и до куќите, а до жителите на две села веќе е испратен порака за евакуација, јави дописничката на МИА од Атина.

Британска туристка рече дека полицијата им наредила на луѓето од нејзиниот хотел на Родос да се евакуираат.






– Моравме да одиме. Така пешачевме околу шест часа на жештината, изјави таа за АФП на меѓународниот аеродром.

Родос, кој забележа 2,5 милиони пристигнувања на посетители во 2022 година, е една од водечките дестинации за одмор во Грција. Грчката телевизија емитуваше слики од долги редици луѓе, некои во облека за плажа, кои влечат куфери по патиштата на островот во саботата, кога беше наредена евакуација.

фото: принтскрин

 

Портпаролот на Противпожарната служба на Грција, Јанис Артопиос, утрово соопшти дека на островот интервенираат „силни копнени сили и од воздух на поширокото подрачје на пожарот периодично ќе оперираат осум авиони, од кои два од Турција и еден од Хрватска, како и десет хеликоптери, од кои три од Египет“.

фото: принтскрин

 

Во однос на пожарот на Крф, објасни дека преку бројот 112 за итни случаи биле евакуирани 17 села и 2.466 граѓани биле пренесени на безбедна локација, а паралелно истакна дека на островот не се регистрирани штета на домови.

Во евакуацијата помогнале силите на грчката полиција, на противпожарната служба, на периферијата, како и на крајбрежната служба, кои објавија и видео од акцијата.

Поврзани содржини