НА РЕД ДОЈДОА И ДИЈАМАНТИТЕ Европската унија следната недела воведува ембарго за руските дијаманти
Дијамантите се еден од ретките важни руски извозни производи кои сè уште не се под санкциите на ЕУ воведени како одговор на руската инвазија на Украина минатата година.
Европската унија (ЕУ) следната недела ќе ја воведе долго одложуваната забрана за увоз на дијаманти од Русија, бидејќи ја доби поддршката од земјите од G7, изјави денеска високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.
– Некои членки на ЕУ побараа политичко покритие од Г7 за да ја прифатат забраната за трговија со дијаманти – рече Борел.
Една од тие држави е Белгија која е еден од најголемите светски пазари за дијаманти.
Дијамантите се еден од ретките важни руски извозни производи кои сè уште не се под санкциите на ЕУ воведени како одговор на руската инвазија на Украина минатата година.
Русија е најголемиот светски производител на необработени дијаманти по волумен, а нејзиниот извоз беше вреден 4 милијарди долари во 2021 година.
Дијамантите досега не беа опфатени со ембаргото поради обемните договори за тоа како треба да функционирало ембаргото.
Украина и неколку други земји од Централна и Источна Европа долго време бараат ЕУ да ја забрани трговијата со дијаманти од Русија, како што тоа го направи со целосните забрани или ограничувања на извозот на руска нафта, јаглен, челик и злато.