На Раста одреден 30 дена притвор поради дрога

569

Судот вчера донесе одлука на српскиот рапер и продуцент Стефан Ѓуриќ Раста да му се одреди притвор од 30 дена по предлог на Вишото јавно обвинителство, пишуваат српските медиуми.

На раперот на товар му се става трговија со опојни дроги, а тој, како што дознаваат неофицијално, се бранел со тоа дека наркотиците ги користел за лична употреба.






Раперот беше уапсен во петокот во центарот на Белград. Кај него биле пронајдени 5 грама марихуана.

При претресот извршен во станот на Раста, пронашле килограм дрога.

Со раперот бил приведен уште еден маж кај кого полицијата пронашла кокаин.

Поврзани содржини