НАЈРАНЛИВИ СЕ ЗГРАДИТЕ СО „МЕКО ПРИЗЕМЈЕ“ Ова се првите впечатоци на експертите по снимките на уривање нови згради во Турција

Главниот проблем во Турција е примената на регулативата, лошиот квалитет на надзор и на изведбата. Но, друг голем проблем е и градежната култура, која форсира изградба на објекти со т.н. меко приземје, при што приземјето на зградата е голем отворен простор без ѕидови, само со столбови, тврди експерт за земјотресно инженерство од Хрватска.

7,743

Од Турција и од Сирија постојано пристигнуваат неверојатни снимки на кои се гледа како потполно нови згради се уриваат како кули од карти, на потрес од 7,8 степени дпоред Рихтеровата скала.

Една таква снимка од градот Малатај покажува како паѓаат потполно нови згради. Погледнете:






Овие стравични глетки ги поттикнаа градежните инженери во регионот да анализираат како е тоа можно. Сите се едногласни дека како и во поранешна ЈУгославија во 1960-тите и 1970-тите години, особено по земјотресот во Скопје, се воведени нови стандарди на асеизмичка градба. Таков е случајот и во Турција.

Повеќе експерти укажуваат на фактот дека прописите во оваа земја не се почитуваат секогаш дословно и дека контролата на изградбата е слаба. Но, тоа е случај и во повеќе земји од нашиот регион Западен Балкан.

Интересно е што вели за Хрвтаската телвизија Марио Урош од тамошниот Центар за земјотресно инженерство:

– Главниот проблем во Турција беше примената на регулативата. Лош квалитет на надзор и извршување на градбата. Но, друг голем проблем е градежната култура во однос на градежниот систем, кој е доста популарен. Тоа се главно елементи од армирано-бетонска рамка. Може да биде добро направен и да издржи сеизмички сили. Но, проблемот беше неквалитетната градба и ефектот на мек под. Тоа значи дека приземјето на зградата е голем отворен простор без ѕидови, само со столбови – објаснува Урош.

Интересно е дека такви згради со т.н. меко приземје има и кај нас, но многу повеќе и во соседна Грција. Дали тоа значи дека и тие не се отпорни на земјотреси колку што би требало да бидат?

Поврзани содржини