НА РАДОСТА Ѝ НЕМА КРАЈ Талибанците за прв пат се тркаат со колички и вежбаат во теретани (ВИДЕО)
На социјалните мрежи се појави видео на кое се прикажани Талибанците во фитнес-сала во американската база во Кабул. Од она што се гледа, може да се заклучи дека тие со вакво нешто прв пат се соочуваат.
Социјалните мрежи се преплавени со снимки на кои Талибанците се забавуваат во забавен парк по влегувањето во Кабул, потоа како пробуваат да вежбаат во фитнес-сала, нешто што тоа е ново за повеќето од нив.
На една од снимките се гледа како Талибанците се возат во автомобили, седат на вртелешки и скокаат по трамболина. Видеата ги сподели и новинарот на Ројтерс, Хамид Шализи.
Снимки од Талибанците во претседателската палата се појавија и на Твитер, а на една се гледа и нивната наводна средба со салата во палатата.
🇦🇫 #Afghanistan : d’autres images de la prise de contrôle du parc par les #talibans. (témoins) #Kabul #Kaboul pic.twitter.com/oqzb07KOLb
— Mediavenir (@Mediavenir) August 16, 2021
На социјалните мрежи се појави видео на кое се прикажани Талибанците во фитнес-сала во американската база во Кабул. Од она што се гледа, може да се заклучи дека тие со вакво нешто прв пат се соочуваат.
Тие дури и не знаеја како да користат одредени уреди. И додека другите Талибанци „трчаа“ низ собата, еден од нив го снимил сето тоа.
Да потсетиме, Талибанците влегоа во Кабул и ја окупираа претседателската палата откако претседателот избега.
Портпаролот на Талибанците, Мохамед Наим, рече дека војната во Авганистан е завршена, дека сакаат да имаат односи со меѓународната заедница и дека сакаат да го постигнат тоа преку дијалог.
Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот рече дека целосно стои зад неговата одлука да се повлече од Авганистан, бидејќи американските војници не треба да се борат и да загинат во војна во која самите Авганистанци не сакаат да се борат.