НА РАБОТА ВО ХРВАТСКА САМО СО ЗДРАВСТВЕНА ПОТВРДА И ПОЗНАВАЊЕ НА ЈАЗИК Земјата ги заострува условите за вработување странци

Измените на Законот за странци воведуваат построги здравствени услови и го поттикнуваат учењето на хрватскиот јазик, а статистиката покажува дека оваа година, и покрај помалиот број издадени работни дозволи, бројот на осигурени лица е зголемен, што укажува на подобро планирање од страна на работодавачите.

62

Хрватска воведува значајни промени во системот за вработување на странски работници со цел воспоставување подобра контрола, намалување на нелојалната конкуренција и сузбивање на нелегалните практики, објави ХРТ.

Измените на Законот за странци воведуваат построги здравствени услови и го поттикнуваат учењето на хрватскиот јазик, а статистиката покажува дека оваа година, и покрај помалиот број издадени работни дозволи, бројот на осигурени лица е зголемен, што укажува на подобро планирање од страна на работодавачите.






Според предлогот, граѓанин на трета земја ќе мора со барањето за прва дозвола за привремен престој да приложи потврда за здравствена состојба и статус на вакцинација, кои не смеат да бидат постари од 90 дена.

Исто така, секој кој сака да работи во Хрватска ќе треба добро да го говори хрватскиот јазик, што се смета за основа за интеграција на странските работници.

– Ние го олеснивме учењето јазици, кофинансирано од Европскиот социјален фонд, но одѕивот беше слаб. Не постои ниво на свест што е потребно за да се убедат работниците да го научат јазикот- вели државниот секретар на Министерството за труд и пензиски систем Иван Видиш и додава дека граѓаните со право очекуваат лицето да покаже барем почетен интерес за јазикот.

Хrватска, исто така, ја зголемува контролата на вработувањето на странци со цел да го намали дивото вработување и да обезбеди подобро регулиран пазар на трудот.

– Системот е подобро контролиран и за странските работници и за работодавачите- вели Видиш.

Според него, Хрватска годинава евидентирала 17% помалку работни дозволи во споредба со истиот период минатата година, но во исто време 10% повеќе регистрирани работници во Хрватскиот институт за пензиско осигурување.

– Ова покажува дека работодавците подобро планираат, но и дека достигнавме продолжување на  40% од работните дозволи. Го намалуваме прометот и планираме посериозно со странските работници. Решивме да испратиме јасни пораки до оние кои се одлучиле за нелегални практики – рече Видиш.

Анита Мандиќ, раководител на Службата за законодавство во областа на престојот на странците, потврди дека трендот се менува.

– Досега добивме повеќе од 260.000 барања, а 167.000 се одобрени – вели таа.

Од нив, издадени се 69.000 продолжени дозволи, речиси 79.000 за нови вработувања и речиси 20.000 за сезонски работници. Најголем број дозволи оваа година им се издадени на граѓани на Босна и Херцеговина (околу 32.000), Непал (31.000), Србија (околу 24.000) и Филипините (околу 17 .000).

Повеќе од 11.000 работници од Македонија добиле работни дозволи во Хрватска.

 

Поврзани содржини