НА ПРВИОТ ДЕН ОД УЧЕБНАТА ГОДИНА Ѕвездата на „Беверли Хилс“ откри дека ќерка ѝ била малтретирана
Американската актерка Тори Спелинг, која се прослави во серијата „Беверли Хилс“, откри дека едно од нејзините деца тешко ја започнало учебната година.
Американската актерка Тори Спелинг, која се прослави во серијата „Беверли Хилс“, откри дека едно од нејзините деца тешко ја започнало учебната година.
– Моите деца штотуку се вратија на училиште и токму кога ќе помислите дека сè помина добро, едно од моите деца беше малтретирано на првиот ден од новата учебна година – изјавила 49-годишната Спелин за магазинот „Пипл“.
– Работиме на зајакнување на нејзината самодоверба – додала актерката.
View this post on Instagram
Спелинг претходно отворено зборуваше за злоупотребата со која се соочувала нејзината 14-годишна ќерка Стела низ годините. Сега се чини дека нејзиното второ дете поминува низ истото.
– Нашите деца треба да се справат со многу нешта. Се соочуваат со злоупотреба од своите врсници, но се соочуваат и со злоупотреба на социјалните мрежи, па дури и од нивните родители – објасни таа.
– Ќе проговорам, кој било ден во неделата ќе се појавам на училиште и ќе реагирам – нагласила актерката.
View this post on Instagram
Таа објаснила дека преку своето искуство морала да излезе од својата комфорна зона за да им помогне на своите деца.
– Мора да верувате во себе како родител бидејќи во животот сте најголемиот застапник на вашите деца. И затоа ги учам моите деца. Сега сум тука за нив, но сакам да ги научам самите себе да си бидат најдобри застапници кога ќе пораснат – објасни таа.
Иако не открила за кое дете се работи, нагласила дека тоа го решаваат „ден по ден“.
Актерката има пет деца со нејзиниот сопруг Дин Мекдермот – Беа (5), Фин (10), Хети (10), Стела (14) и Лиам (15).
View this post on Instagram
Во октомври 2021 година, таа ги подгреа гласините за развод кога беше видена пред канцеларијата на адвокатот со нотес на кој пишуваше „старателство“, „поддршка“, „имот“.
Сепак, тие неодамна беа видени како заедно јадат пица речиси една година откако последен пат беа видени во јавноста.
Спелинг и Мекдермот се венчаа во 2006 година, само една година по средбата на снимањето на „Ум над убиството“.
ФОТО: Инстаграм