На принцот Хари и Меган Маркл им дојде преку глава, почнаа војна со таблоидите

871

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл донесоја одлука да ги прекинат сите договори со четирите најголеми таблоиди во Обединетото Кралство. Тие одлучија за „Дејли мејл”, „Дејли мирор“, „Сан“ и „Дејли експрес“ веќе да не даваат изјави.

Во соопштение за јавноста Хари и Меган навеле дека верувааат дека слободниот печат е камен темелник на секоја демократска земја, но дека тие не сакаат да бидат дел од „кликбајт“ и искривени информации.






„Со оваа одлука не сакаме да ги избегнеме критиките, не сакаме да ги цензурираме точните известувања. Медиумите имаат право да пишуваат и да имаат мислење, било тоа добро или лошо за војводата и војводката од Сесекс, но не може да биде темелено на лаги. Не сакаме да бидеме мамка за кликови, се наведува во писмото.“

По шокантните најави на брачниот пар на почетокот на оваа година дека планираат да отстапат од своите службени должности како работни членови на кралското семејство неколку британски таблоиди го зголемија фокусот на Меган, нарекувајќи го овој потег „Мегзит“. Некои ја обвинуваа дека принцот Хари го направила смешен.

Парот исто така води правна постапка против три таблоиди. Меган лани го тужеше „Дејли мејл“ заради тоа што објави содржина од писмо кое таа го пратила на нејзниот татко. Принцот Хари ги тужеше сопствениците на магазините „Сан“и „Дејли мирор“ заради наводно хакирање на неговата говорна пошта.

Поврзани содржини