На претседателот на Сирија му се слоши средe говор

554

Башар ал Асад денеска го прекина говорот во Парламентот откако му се слоши поради нискиот крвен притисок, соопшти неговиот кабинет.

„Асад на неколку минути го прекина говорот поради нискиот крвен притисок, а потоа продолжи со говорот“, се наведува во соопштението од Кабинетот на сирискиот претседател.






Дел од странските медиуми објавија дека можмо е Асад да преживеал срцев удар.

Досега не е познато дека Асад има какви било здравствени проблеми.

Тој им се обрати на пратениците по повод минатомесечните избори, што се трети откако во Сирија почнаа судирите во 2011 година.

Поврзани содржини