НАЈПОЗНАТИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ ВО ХОЛИВУД Кортни Кокс и Џенифер Анистон објавија селфи

Кортни Кокс и Џенифер Анистон ги воодушевија обожавателите со заедничка фотографија на Инстаграм.

654

Кортни Кокс и Џенифер Анистон ги воодушевија обожавателите со заедничка фотографија на Инстаграм.

– Изгледаме толку слатко една до друга, напиша Кортни покрај објавата.






Обожавателите на серијата „Пријатели“ веднаш одговорија во коментарите.

„Засекогаш ќе бидете Моника и Рејчел“, „Го сакам ова дуо“, „Ја гледам серијата повторно, ве сакам и двете“, пишуваат тие.

Џенифер Анистон и Кортни Кокс се запознале во 1994 година на снимањето на „Пријатели“, каде што ги играа ликовите Рејчел Грин и Моника Гелер. Нивното познанство наскоро прерасна во блиско пријателство кое трае повеќе од 30 години и е едно од најпознатите во Холивуд.

Двете актерки постојано јавно ја истакнуваат својата меѓусебна лојалност и поддршка. Анистон ја опишала Кокс како личност која никогаш не осудува, додека Кокс ја нарекла Анистон пријателка за цел живот.

Во приватниот живот, тие се поддржуваа една со друга во тешки времиња, вклучувајќи разводи и лични загуби. Анистон е, меѓу другото, кума на ќерката на Кокс, Коко.

Поврзани содржини