Алекс Требек, долгогодишен водител на американскиот телевизиски квиз-шоу „Загрозување!“ (Jeopardy!), почина на 81-годишна возраст.
Во март 2019 година, Требек објави дека му е дијагностициран рак на панкреасот во четврти стадиум. Твитер-профилот на квизот објави дека тој „починал мирно дома“ опкружен со семејството и пријателите.
„Со тага ве известуваме дека Алекс рано утрово почина во својот дом, опкружен со семејството и пријателите. Ти благодариме Алекс“, пишува на официјалниот Твитер профил на квизот.
Алекс Требек беше домаќин на квизот „Загрозување!“ од 1984 година, и доби бројни награди и признанија за неговата работа. „Sony Pictures“, продуцентската куќа која работи на квизот, ѝ оддаде почит на легендата, пишувајќи во изјавата:
– 37 неверојатни години Алекс Требек беше тој утешен глас, момент на бегство и забава на крајот од долгиот, тежок ден за милиони луѓе ширум светот. Познат по својата бриток ум и харизма, канадско-американскиот водител стана заштитно лице на „Загрозување!“ во текот на свиуте три децении во шоуто, претворајќи го во хит. Водеше повеќе од 8.200 епизоди на популарниот квиз, кој го рангираше меѓу најпознатите луѓе на телевизијата во САД и Канада. Пред шест години, тој постави Гинисов светски рекорд за „Најмногу епизоди од една емисија што ја водел истиот водител“.
ФОТО: Твитер