Еден од најславните турски актери, Озџан Денис (48), кој ѝ е познат на македонската публика по улогите во сериите „Истанбулската невеста“ и „Судбина“, може да заврши во затвор поради насилство врз неговата 20 години помлада поранешна сопруга Фејза Актан, како што тврди таа.
Како што пишуваат турските медиуми, истрагата за случајот е завршена и обвинителството покренало тужба против Озџан во која се бара затворска казна во траење од шест месеци до максимум година ипол.
Фејза изјавила дека актерот ја тепал неколкупати, а првпат тоа се случило пред три години во нивната куќа во областа Сарјер.
Таа открила дека третиот насилен инцидент се случил додека биле во Германија, а според турските медиуми, дадилката на синот на поранешните сопружници, нивни заеднички пријатели и сестрата на Фејза сведочеле пред судот.
Озџан рекол дека обвинувањата на неговата поранешна сопруга не се вистинити идека тој не ги прифаќа.
Манекенката ги доставила како доказ наодите од болницата од јуни 2019 година, на кои пишува дека е полесно повредена.
Турските медиуми претходно објавија дека на Озџан и Фејза им пресудиле честите кавги, нејзината љубомора и неконтролираното трошење пари, но и фактот дека таа не се грижела за нивниот син Кузеи. Тие најавиле мачна судска парница во која манекенката побарала 15 милиони фунти. Фејза била исклучително љубоморна на Озџан, правела проблеми и доживувала нервни сломови додека тој снимал филмови и серии со колешките. Особено била љубоморна на славната турска актерка Мерјем Узерли, со која Озџан го сними филмот „Другиот човек“, а покрај нив, игра и актерката од серијата „Инстанбулската невеста“, Асли Енвер.
На крајот на јануари, актерот објави фотографија со неговиот син на Инстаграм, а најчесто споделува снимки и фотографии од снимањето на неговите нови проекти.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм