📷 НАЈПОЗНАТАТА ЉУБОВНИЦА ВО СВЕТОТ СТАНА ПОЗНАТА АКТИВИСТКА Еве како изгледа сега 50-годишната Моника Левински
Моника Левински учествува во кампањата која има за цел да ги мотивираат жените да излезат да гласаат на претстојните претседателски избори во САД.
Моника Левински во 90-те години стана позната по љубовната афера со американскиот претседател Бил Клинтон. Најпознатата љубовница во светот, во меѓувреме стана позната активистка и писателка, има 50 години, често е присутна во медиумите и важи за успешна жена.
Паралелно со професионалната трансформација, Моника Левински го трансформираше и својот изглед и стана заштитно лице во кампањата на брендот „Reformation“.
View this post on Instagram
Целта на кампањата е да се мотивираат жените да излезат да гласаат на претстојните претседателски избори.
– Моќната жена го користи својот глас – порачува Моника Левински во кампањата „Ти имаш моќ“.