Американската плус сајз манекенката Ешли Греам е бремена, а среќната вест дека таа и нејзиниот сопруг Џастин Ервин го очекуваат своето второ дете, ја објавила на Инстаграм, поткрепувајќи ја веста и со фотографијата од јасно изразениот труднички стомак.
„Изминатата година беше полна со мали изненадувања, големи таги, познати почетоци и нови приказни. Само што почнувам да разбирам и да славам што ни значи ова следно поглавје“, напишала Ешли на Инстаграм покрај фотографијата на која се гледа нејзиниот стомак.
Ешли открила дека нивниот 17-месечен син Ајсак ќе стане постар брат.
Порано, оваа година, Ешли во интервјуто за „Волстрит“ откри дека таа и сопругот, инаку режисер, се подготвени за уште едно дете.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм