Најпознатата компанија за видеоигри се извини за сексуалните вознемирувања врз жените

Бев во „Близард“ 28 години. За тоа време се обидов да создадам средина која ќе биде безбедна и отворена за луѓе од сите полови, без оглед од каде доаѓаат. Знаев дека не е совршено, но очигледно фактот дека толку многу жени биле малтретирани и немале поддршка значи дека ги изневеривме и не успеавме да создадеме безбедна средина во која луѓето ќе можат да ја раскажат својата страна на приказната - вели Морхаим.

185

Ниту по 28 години светската компанија „Близард“ не успеа ефективно да ги заштити своите вработени жени од бројните сексуални вознемирувања, а од неодамна за тоа проговори Мајк Морхаим, еден од основачите. Компанијата позната по игрите „World of Warcraft“, „Diablo“ и „Overwatch“ имала сериозен проблем со пријави за вознемирувања, пренесува МИА.

„До сите жени во „Близард“ кои доживеале некоја од наведениве работи, исклучително ми е жал што Ве изневерив. Слушам, Ви верувам и жал ми е што Ве разочарав“, јавно се извини Морхаим на Твитер.






Мајк Морхаим беше лицето на „Близард“ сè до 2018 кога ја основаше „Дримхевн“, нова компанија за видеоигри која како да го наруши угледот на претходната фирма.

– Бев во „Близард“ 28 години. За тоа време се обидов да создадам средина која ќе биде безбедна и отворена за луѓе од сите полови, без оглед од каде доаѓаат. Знаев дека не е совршено, но очигледно фактот дека толку многу жени биле малтретирани и немале поддршка значи дека ги изневеривме и не успеавме да создадеме безбедна средина во која луѓето ќе можат да ја раскажат својата страна на приказната. И, не е пријатно што други компании имаат слични предизвици. Сакав да бидеме различни, подобри – вели тој.

Обвинувањата почнаа да се појавуваат кон крајот на јули и многу вработени почнаа јавно да ги повикуваат водечките луѓе да променат нешто. Сегашниот претседател на „Близард“, Џеј Ален Брек во и-мејл до вработените напиша дека обвинувањата се „крајно проблематични“.

Но, фактите говорат дека токму Брек е наведен во обвиненијата како човек кој ја пропуштил можноста да запре низа сексуални вознемирувања на вработените жени во компанијата.

Поврзани содржини