НА ПОВРЕДЕН ВО КОЧАНИ МУ Е НАПРАВЕНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ЛИЦЕ За некои пациенти лекувањето ќе биде долготрајно

На пациентите им е потребно враќање на мобилноста на телото, потоа рехабилитација, односно третман на изгорениците, но и психолошка рехабилитација која ќе им биде неопходна, како на повредените, така и на нивните семејства, објаснува д-р Николов.

707

На пациент повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се лекува во еден во центрите во странство му е извршена трансплантација на лице, вели во интервју за порталот Република д-р Игор Николов.

Тој објаснува дека веднаш по трагедијата во Кочани се понудиле за помош повеќе земји кои имаат искуство со вакви несреќи.






– Меѓу првите пристигна тим од Израел, којшто ја понуди и ја даде својата експертиза. Во исто време имавме и тим од воено-медицински стручњаци од Чешка. Тие заедно работеа со нашите медицински лица кои ги третираа пациентите. Од нив добиваа совети и искуства за начинот на третман и тоа во овој почетен период, по акутното настанување на повредите. Со нив правевме план за натамошниот третман, за понатамошното следење на пациентите. Станува збор за долготрајна битка која нема да заврши за брзо време. Ова се пациенти на кои ќе им биде потребна рехабилитација од повеќе аспекти и тоа рехабилитација на телесните повреди, потоа од стресот што го доживеале. Имаме пациенти кои се третираат во центри во странство каде што им е направена трансплантација на кожа, последни податоци се дека има пациент на кој му е направена трансплатација на лице, значи целиот овој план за третман ќе биде долгорочен. Тој опфаќа медицинска, физикална рехабилитација, бидејќи на пациентите им е потребно враќање на мобилноста на телото, потоа рехабилитација, односно третман на изгорениците, но и психолошка рехабилитација која ќе им биде неопходна, како на повредените, така и на нивните семејства. Планираме и подготвуваме тимови од физикална медицина, тимови од психологија-психијатрија кои треба да работат со пациентите, тимови од пластична хирургија. Пристапот е мултидисциплинарен. Се бориме за животот на секој повреден – вели д-р Николов.

На 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани во пожар загинаа 59 лица, меѓу кои и 6 деца, речиси 200 беа повредени, од кои 25 деца.

 

Поврзани содржини