НА ПОВИДОК РИБАРСКА ВОЈНА Лондон не им даде дозволи за лов на француски бродови, а Париз возврати со закана за одмазда

Велика Британија соопшти дека е отворена за натамошни преговори со бродовите што ги одбила, додавајќи дека тие не доставиле докази за претходно рибарење во тие води што им се потребни за продолжување на риболовот во зоната од шест до 12 наутички милји.

315

Франција денеска ја обвини Велика Британија дека игра политички игри со правата на риболов по Брегзит, откако Лондон и островот Џерси одбија да издадат дозволи за десетици француски бродови за риболов во британските територијални води.

Велика Британија соопшти дека е отворена за натамошни преговори со бродовите што ги одбила, додавајќи дека тие не доставиле докази за претходно рибарење во тие води што им се потребни за продолжување на риболовот во зоната од шест до 12 наутички милји.






Францускиот министер за поморска политика Аник Жирардин изјави дека Велика Британија не го почитува договорот за Брегзит.

– Ова е ново одбивање на Британците да ги исполнат условите од договорот за Брегзит и покрај работата што заедно ја завршивме. Британците не треба да го земаат францускиот риболов како заложник за политички цели – рече Жирардин.

Владата на претседателот Емануел Макрон се закани со одмазда.

Риболовот и контролата на британските води беше жешка тема за време на британскиот референдум за напуштање на ЕУ во 2016 година. Британските рибари оттогаш ја обвинуваат владата дека ги продала со тоа што им дозволила на меѓународните бродови да продолжат да ловат во британските територијални води.

Велика Британија соопшти дека издала лиценци за речиси 1.700 бродови за риболов во зоната долга 200 наутички милји, а уште 105 дозволи се издадени за риболов во зоната од шест до 12 наутички милји за оние кои претходно работеле во таа област.

Поврзани содржини