НА ПОВИДОK НОВ РАСКОЛ ВО СДСМ? Ниту еден пратеник од партијата не присуствува на собраниската седница
Дали е случајност или некому испраќаат порака? Особено што вчеравечер Филипче го објави новиот тим на СДСМ во кој речиси и да нема актуелен пратеник. Очигледно, незадоволството не може да се сокрие, обвинува Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Дали е на повидок нов раскол во СДСМ, прашува пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук, објавувајќи слика од актуелната собраниска седница.
„Денеска, ниту еден пратеник од СДСМ не присуствува на собраниската седница. Дали е случајност или некому испраќаат порака?
Особено што вчеравечер Филипче го објави новиот тим на СДСМ во кој речиси и да нема актуелен пратеник. Очигледно, незадоволството не може да се сокрие.
Кога внатрепартиските калкулации им се поважни од институциите, резултатот ќе е уште подлабока криза во редовите на опозицијата“, обвинува Петрушевски.