На повидок надежна комбинација од два лека за лекување на Ковид-19, се бара чаре за нуспојавите

Хидроксихлороин (hydroxychloroquine) и азитромицин (кај нас широко познат како сумамед) би можела да биде добитната комбинација во лекувањето на последиците од коронавирусот, откриваат француски и белгијски истражувачи.

6,919

Хидроксихлороин (hydroxychloroquine) и азитромицин (кај нас широко познат како сумамед) би можела да биде добитната комбинација во лекувањето на последиците од коронавирусот, откриваат француски и белгијски истражувачи. Но, комбинацијата има и нуспојави, за кои се бара решение.

Во една студија, извршена на мал примерок на заразени од Ковид-19, им се давани по 600 милиграми хидроксихлороин дневно, од почетокот на март до 16 март. По ова, вирусното оптоварување во назофарингеалните брисеви на пациентите се тестирале секој ден во болница. Врз основа на резултатот и на медицинската состојба на пациентите, на третманот е додаден азитромицин, со што тој значително е подобрен, како што се гледа од оваа табела:






Испитувањето е спроведено на многу мал број на луѓе, но се извлекува јасен заклучок дека третманот со хидроксихлорохин против Ковид-19 може да го намали или да го уништи бројот на смртоносен вирус кај заразените лица, а неговиот ефект е засилен со азитромицин.

Ендрју Куомо, гувернерот на државата Њујорк, изјавил дека утрово добиле позитивни вести за комбинација на лекови што ќе се применува во Њујорк. Оваа комбинација се користи во Афтика за лекување на маларија.

Но, истражувачите укажуваат и на тоа дека оваа комбинација има и нус појави. Се препорачува избегнување на администрирање токму на овие два лека, бидејќи двата го продолжуваат QT интервалот, што доведува до наруѓување на срцевиот ритам. Пријавени се вентрикуларни аритмии и TdP – специфичен тип на абнормален срцев ритам. Научните бараат начин како да ги сузбијат овие нузпојави.

Во Македонија азитромицинот е познат како лек, а неофицијално дознаваме дека се вршат консултаиции за набавка и на члекот хидроксихлороин. Тоа упатува на заклучокот дека здравствените власти се информирани за истражувањата на француските и на белгиските истражувачи.

Поврзани содржини