НА ПОВИДОК Е КОШМАРНО СЦЕНАРИО Русија нема да дозволи проширување на НАТО

Лавров ги предупреди соседните земји на Русија, да не се претворат во „отскочна даска“ на НАТО за конфронтација со неговата земја.

1,431

Во Европа се враќа кошмарното сценариo, вели министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лаврвов.

– Архитектурата на стратешката стабилност молскавично се руши, во НАТО одбиваат конструктивно да ги разгледаат нашите предлози за деескалација на напнатоста и за спречување на опасни инциденти. Напротив, војната инфраструктура на Алијансата се приближува кон руските граници. Се враќа ужасното сценарио на воена конфортација – изјави Лавров, не седницата на министрите за надворешни работи при ОЕБС.






Тој додаде дека наскоро во Европа би можеле да се појават и американските ракети од среден домет. Лавров ги предупреди соседните земји на Русија, да не се претворат во „отскочна даска“ на НАТО за конфронтација со неговата земја.

– Сите говорат за ескалација на границата меѓу Украина и Русија. Вие добро го знаете нашиот став околу тоа. Ширењето на НАТО на исток дефинитивно ќе ги загрози нашите безбедносни интереси – додаде тој.

Министерот посочи дека кризата во Украина нема да биде надмината, сè додека Киев го избегнува извршување преземено од меѓународните договори или додека не се реши на директен дијалог со водачите на побунетото население во регионот Донбас.

Поврзани содржини