📷 НАЈПОСАКУВАНИОТ ТУРСКИ АКТЕР ВТОРПАТ ЌЕ СЕ ЖЕНИ Го откри еден детаљ од фотографијата
Турскиот актер Бурак Челик важи за еден од најпосакуваните во таа земја, а својата кариера ја започна со глумење во турски серии кои постигнаа голема популарност како „Црна роза“, „Животот е убав кога си среќен“, „Ветување “ и други.
Турскиот актер Бурак Челик важи за еден од најпосакуваните во таа земја, а својата кариера ја започна со глумење во турски серии кои постигнаа голема популарност како „Црна роза“, „Животот е убав кога си среќен“, „Ветување “ и други.
Во серијата „Senden daha Guzel“ (Поубава од тебе) ги освои срцата на многу жени, а серијата стана исклучително популарна кај публиката. Меѓутоа, кога станува збор за љубовниот живот на овој турски актер, според тамошните медиуми, тој е малку неодлучен.
Бурак смени многу девојки, а од 2013 до 2015 година беше во брак со Ајсенур Озкан.
И покрај првиот брачен бродолом, актерот повторно е вљубен и го најде мирот покрај својата нова избраничка Емра со која и се сврши. Иако извесно време успешно го криеше фактот дека се во врска, на јавноста ѝ откри дека се свршиле откако сподели неколку фотографии од својата нова девојка заедно со роденденска честитка.
View this post on Instagram
– Среќен роденден драга моја – пишува во објавата на актерот заедно со неколку фотографии кои ги споделил.
На една од неколкуте фотографии, девојката на Бурак гордо го покажува свршеничкиот прстен додека тој ја прегрнува.
Насмеани и среќни позирале заедно, а следбениците им ги испратија сите честитки на социјалните мрежи.