Дамиано Давид, кој оваа година како пејач на рок-групата „Манескин“ победи на Евровизија, мами воздишки од обожавателките ширум светот.
Сексапилниот Дамиано со своето необично ослободување ги помести модните граници и го врати рок-гламот во мода.
Пејачот сега се одлучил на драстичен потег. Откако се фотографираше полугол, со шминка, кармин, овојпат Давид решил да отиде чекор подалеку, кога се фотографираше во кариран фустан. Имаше бисерен ѓердан околу вратот, а присутна беше и целосна шминка.
View this post on Instagram
На официјалниот профил на групата на Инстаграм беше објавена фотографија на која членовите на бендот заедно позираат најавувајќи го спотот за „I Wanna Be Your Slave“, а Дамиано го привлече вниманието со промена на имиџот.
Тој решил да ја скрати својата полудолга коса и да направи кркми.
View this post on Instagram
И додека некои не можат да ја „прежалат“ неговата долга коса, повеќето се согласуваат дека сега изгледа уште подобро.
„Каков човек“, „Божество“, „Сега си уште поубав за мене“, „Зошто си ја истрижил косата?“, „За што сега ќе му замерите“, „Дамиано омажи се за мене“. .. се само некои од коментарите на обожавателите.
ФОТО: Инстаграм