НА ПОРФИРИЈ НЕ МУ ДОЗВОЛИЈА ДА БОГОСЛУЖИ ВО ПЕЌ НА КОСОВО Патријархот ја повика Приштина да престане да ги гази човековите права

Патријархот ги повика властите во Приштина „да престанат да ги газат човековите права и верските слободи на православните Срби кои живеат во покраината најмалку 1.500 години непрекинато, на земјата на нивните предци“.

639

Српската православна црква соопшти дека властите во Приштина му забраниле на патријархот на СПЦ Порфириј да дојде во Пеќската патријаршија во пресрет на Божик, јавува Н1.

Со оценка дека станува збор за „крајно дискриминаторска одлука“, патријархот ги повика властите во Приштина „да престанат да ги газат човековите права и верските слободи на православните Срби кои живеат во покраината најмалку 1.500 години непрекинато, на земјата на нивните предци“.






„Патријархот Порфирије не се откажува од намерата да служи божествена служба во Пеќската патријаршија и очекува оваа крајно дискриминаторска одлука да биде поништена“, соопшти неговиот кабинет.

Патријархот додаде дека „се моли на Бога за мир и добра волја меѓу сите луѓе“ и дека „особено се моли да завладее мир меѓу Србите и Албанците на Косово и Метохија, каде што живеат заедно со векови“.

 

Поврзани содржини