Најпопуларната фотографија на интернет, дава трошка надеж!

434

Неодамна една фотографија од Дубаи го обиколи светот и даде трошка надеж, но исто така стана симбол на бунтот и отпорот против коронавирусот.

Фотографијата ја објавил гинекологот Самер Чеаб од Обединетите Арапски Емирати, а го прикажува моментот со новороденчето кое му ја повлекува маската од лицето.






„Сите сакаме знак дека наскоро ќе ги тргнеме маските“, напишал докторот покрај фотографијата која собрала повеќе од 100.000 лајкови и многу коментари.

Чеаб за бразилското издание на Си-ен-ен истакнал дека мајката родила близнаци, но дека за овој симболичен потег е заслужно момчето.

– Второто бебе беше момче, го држев за неговиот татко да нè фотографира, а тоа ми ја повлече маската. Во тој момент сите се насмеаја – рекол докторот.

Овој доктор инаку на Инстаграм објавува фотографии со бебињата кои ги донел на свет, но оваа со брзина на светлината стана најпопуларна од сите.

– Веројатно е причина нејзината позитивност. Сите чекаме да ги тргнеме маските, затоа стана вирална –  заклучил докторот.

 

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини