НА ПОПОВА ШАПКА СНЕЖНА ПОКРИВКА ОД 31 САНТИМЕТАР Најмногу дожд наврна во Крушево
Во Скопје наврнаа 12 литри на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Најниска температура изутринава во 7 часот е измерена во Попова Шапка, минус 4 степени, каде има снежна покривка од 31 сантиметар, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Крушево, 55 литри на метар квадратен, по што следуваат Охрид со 52 литри на квадрат, Претор 48, Маврови Анови 39, Пожаране 35, Крива Паланка 34, Битола 32, Тетово 31, Прилеп 23 итн. Во Скопје наврнаа 12 литри на квадратен метар.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец со брзина над 60 километри на час.