НА ПОМИНУВАЊЕ КУПУВА ТОПОЛ СИМИД ВО ЧАИР Заев најави субвенции за занаетчиите и новите бизниси

Според лидерот на СДСМ, тоа ќе биде шанска за младите да отвораат бизниси.

1,234

Овде сум во Чаир, за лично да ви порачам, дека рамномерно ќе продолжиме да инвестираме во секоја општина, бидејќи и вие знаете, дека така работи Социјалдемократскиот сојуз – преку грижа за сите граѓани, со проекти, на дело, рече вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев на собирот во Чаир.

– Секој од овие кандидати е подготвен и мотивиран да работи за Најдоброто за Чаир, а ние како централна власт ќе продолжиме да поддржуваме капитални проекти и инвестиции кои го унапредуваат квалитетот на живот- рече Заев.

Тој рече дека секое поминување од Чаир, застанува да купи топол симид, им рече дека СДСМ знае дека во Чаир живеат луѓе домаќини, чувари на старата скопска култура, но и луѓе еснафлии, кои негувајќи го еснафот – ни ја чуваат традицијата, вредно работат и независно од заработувачката, одлучно ја предаваат на новите генерации како безвременска вредност и тоа ќе биде и понатаму и почитувано и финансиски поддржано.

– Најавувам поддршка за отворање нови бизниси во сите општини. Ова ќе биде од големо значење и за Чаир. Ќе бидат утврдени потребите на граѓаните во одреден реон, маало или населба, а општината планирано е да понуди субвенции, за да се отворат токму локално дефицитарните бизниси. Така ќе бидат обезбедени потребите на граѓаните. Но ова е и шанса за младите луѓе и за луѓето со идеја, да развијат бизнис – рече Заев.

Поврзани содржини