НА ПОЛОВИНА СЕ ВО БАХМУТ, НО ИЗГУБИЛЕ ПЕТ ПАТИ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ Нова мапа прикажува до каде стигнале Русите (ФОТО)

НАТО тврди дека Русите изгубиле пет пати повеќе луѓе од Украинците во Бахмут. Ова го изјавил претставник на НАТО кој сакал да остане анонимен за американски Си-Ен-Ен.

2,184

Русите контролираат 40 отсто од Бахмут после девет месеци тешки битки, вели новата анализа и интерактивана мапа на познатиот Институт за проучување на војната ИСВ. И покрај тоа ИСВ анализираше дека Бахмут не е стратешки важен град за понатамошно напредување во Донбас, како што тоа се смета. Институтот предупреди дека Украина ризикува да изгуби многу сили во градот против борците од Вагнер, иако платеничката група ги исклучила своите елитни војници.

Од друга страна, НАТО тврди дека Русите изгубиле пет пати повеќе луѓе од Украинците во Бахмут. Ова за американски Си-Ен-Ен го изјавил претставник на Алијансата кој сакал да остане анонимен.






Вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски одлучи дека нема да има повлекување на украинските сили од градот и покрај советите на главниот воен командант, Валериј Залужни. Германски Билд напиша дека тој со недели го убедувал претседателот силите да се повлечат до градот за да можат да се сконцентрираат на поголемата офанзива оваа пролет, кога се очекува да стигне и повеќе оружје од Западот.

 

На социјалните мрежи се појави и видео на кое се вели дека по наредбата на украинскиот претседател по секоја цена да го брани Бахмут, во близина на Бахмут е забележан нов конвој на украинската армија. Автентичноста на видеото не е потврдена.

 

Одбраната на Бахмут сè уште има смисла за Киев, сè додека украинските трупи успеваат да ги истрошат руските војници и опрема, а самите да не претрпат прекумерни жртви.

Но, ИСВ, исто така истакнува дека Украинците очигледно спроведуваат „ограничено тактичко повлекување“ од Бахмут, додавајќи дека сè уште е рано да се зборува за целосно повлекување на украинските војници од градот.

Украинските сили ги напуштиле нивните позиции на источниот брег на реката Бахмутка. Геолокациските слики покажуваат дека Украинците го уништиле железничкиот мост на реката во североисточниот дел на градот.

Поврзани содржини