На полноќна посета кај Атиџе Муратова
Не, не бевме непристојни, туку доцната посета во домот на хероината од „Медена земја“ се должеше на петте кошници со пчели, подарок за Атиџе од група волонтери од здружението „Уметност на живеење-Македонија“, кои мораше да се пренесуваат ноќе. На радоста на Атиџе ѝ немаше крај...
Атиџе Муратова е една од најневеројатните славни личности што ги видел светот. Се прослави случајно и неочекувано. Домашната и светската јавност добија можност да се запознаат со фасцинантниот портрет на оваа жена преку документарецот „Медена земја“ кој со одлична наративност и кинематографија го наслика животот на Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа. Од маргините на општеството во родното село Бекирлија, таа, нашата хероина, се најде во центарот на вниманието, дури во Холивуд, а сега, неизменета, едноставна и полна со добрина, ја живее втората половина од својот живот во селото Дорфулија, среќна затоа што има можност да се занимава со двете работи што ги сака најмногу на светот: пчеларењето и пеењето.
А како се најдовме ние кај Атиџе на полноќ?
Прочитајте го текстот на порталот „Арт кујна“.